Барселона се засили со сенегалски центар

20230131mmFal01.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот центар Јусуф Фал го напушти Асвел по истекот на договорот и веднаш потпиша за Барселона



Фал на францускиот тим му се приклучи во 2021 година и им помогна да ја освојат титулата во 2022 година. Во последната сезона тој имаше просек од 8,8 поени со 6,7 скока за 20 минути во 31 натпревар.

Фал ја започна својата професионална кариера во 2014 година, играше за Басконија, Стразбур, Поатје Баскет 86, Ле Ман.

Сега се наоѓа пред најголемиот предизвик во кариерата.

Покрај Фал, Барселона летово ги доведе Кевин Пантер, Чимези Мету, Хуан Нуњез и Џастин Андерсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK