Во државата активни 12 пожари, до крајот на денот пристигнува и останатата меѓународна поддршка, најави Ангелов

677z381_677z381_7984876_pozari-t.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска имало вкупно 20 пожари на отворено на територијата на државата, од нив пет се целосно изгаснати, под контрола се ставени три пожари, а 12 пожари се уште се активни.



„Апелирам до сите граѓани во текот на утрешниот празничен ден да бидат исклучително внимателни особено доколку се движат во природа за да не предизвикаат пожари кои можат да завршат со катастрофални последици“, кажа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Информира дека во текот на денешниот ден на располагање биле неколку домашни летала: еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување како и два армиски и два полициски хеликоптери и еден српски хеликоптер.

До крајот на денот, дополни Ангелов, ќе пристигне и останатата меѓународна понош со европскиот механизам за цивилна заштита.

Еден полициски хеликоптер заедно со српскиот хеликоптер денеска дејзтвувале во реонот на Старо Нагоричан, кај селата Малотино и Рамно.
Овој пожар е на многу тежок непристапен терен, информира Ангелов.

Било дејствувано и во Кратовско и Пробиштипско. Чешкиот хеликоптер според најавите, треба да дејствува на територијата на Пробиштип и Свети Николе.

„Ангажирани се 160 припадници на Армијата но дејствуваат и голем број на локални пожарникари со поддршка од соседните градови а на многу места помага и локалното население а на некои места се користат и доброволните противпожарни друштва кои имаат соосдветан опрема и обука, информира Ангелов.

Според него ваков обем и динамика на пожари сме немале од осамостојувањето на државата.

Главноот штаб за управување со кризи е во постојано заседавање, дополни Ангелов и тој одлучува околу приоритетите за гаснење на пожарите.

„До крајот на денот треба да пристигнат и еден хеликоптер од Словенија, два ер трактори од Шведска, два ер трактори од Германија, и тим од Унгарија од 46 лица со 13 возила кмои можат да се движат по тешко пристапни терени“, појасни директорот на ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK