Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клeин: унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори на Северна Македонија

Murtezani-Klein.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Андраш Клеин, на која се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.


Муртезани упати честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изрази надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори на Северна Македонија, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласи подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодари за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледаа можностите за нејзина реализација.

Соговорниците разговараа и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK