Тешко повредена жена во сообраќајка кај село Слатино

1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(23) од Тетово и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Слатино.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од првото возило К.З., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK