Пронајдени кутии со брендирани обувки во товарно возило кај Побожје, во возилото бил пронајден и пиштол

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило “мерцедес спринтер” со скопски регистарски ознаки.


При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација.

Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.

Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK