Официјално: Страхиња Павловиќ е нов фудбалер на Милан

44.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Српскиот стопер Страхиња Павловиќ потпиша за Милан. 



23-годишникот настапува на позицијата стопер, потекнува од школата на Партизан, а во 2020 година направи голем трансфер во Монако за десет милиони евра. Српскиот дефанзивец беше позајмуван назад во Партизан, Серкл Бриж и Базел, а пред две лета Салцбург го откупи неговиот договор. Павловиќ стана првотимец и почна сериозно да се развива, а бргу се наметна и во репрезентацијата.

Со Србија тој одигра три натпревари на Европското првенство во Германија, а таму Павловиќ беше еден од најдобрите играчи на својата земја.

Милан ќе му плати 18 милиони евра на Салцбург за трансферот на Павловиќ, додека Австријците ќе добијат и одредени бонуси. Страхиња Павловиќ стави потпис на договор до 2028 година, со опција за продолжување на уште една. Во Милан тој ќе го носи дресот со број 31.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK