Швајцарија ја продолжува успешната соработка со Министерството за образование и наука насочена кон создавање квалитетен воспитно-образовен систем. Ги
интензивираме заедничките активности за натамошно јакнење на стручното образование и проширување на учењето преку пракса во високото образование, oва
беше заклучено на средбата на министерката за образование и наука Весна Јаневска со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Македонија, Вероник Улман.
Јаневска се заблагодари за поддршката, посебно за активностите во рамки на Швајцарскиот проект „Образование за вработување“, што во континуитет
продуцираат квалитетни кадри во средното образование, подготвени за брзо вклучување во работата на компаниите и истовремено способни за успешно продолжување кон факултетско образование.
Амбасадорката Улман и министерката Јаневска се согласија дека позитивните искуства од средното стручно образование можат да се пренесат и на повисокото ниво на образование, со што ќе се овозможи поголемо приближување на студиските програми до реалниот сектор.
Јаневска информираше и за другите промени во системот на образование кои имаат приоритет, насочени кон наставните планови и програми, регулативата за
средното и високото образование како и ориентацијата кон зацврстување на научната работа на академскиот кадар.