По 6 години повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за случајот ,,Монструм”, Филков го потпишал барањето

20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.



Барањата, како што беше нагласено, се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна.

Според Министерството за правда, последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени.

Првиот човек во министерството појасни дека на 08.10.2021 година било добиено известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор. Во постапките, велат од ресорнотот министерство, се што е побарано од косовските власти веќе е доставено,
и по 6 години повторно се бара нивна екстрадиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK