Двете куќи што ги зафати огнот во Дојран имаат мали оштетувања, рече Ангелов

viber_image_2024-07-30_14-42-27-901.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот во Дојран што почна од депонијата, веќе ја зафати вегетацијата и се прошири кон околната населба, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.



„Немаме изгорени куќи, туку само една или две куќи коишто се благо зафатени од огнот и имаат сосем мали оштетувања“, рече Ангелов.

Првиот човек на ЦУК, објави дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови.

Топлото време и ветрот го отежнуваат гаснењето, а во моментот беснеат тешки пожари на територијата на Дојарн и Свети Николе. Најголемата пожарна линија се движи од општина Свети Николе во насока на Куманово, каде моментално делуваат трите ертрактори.

Пожар има на територијата на Старо Нагоричани кој се заканува да зафати неколку напуштени села.

Претходно, заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов, го повика на одговорност градоначалникот на Дојран, Aнго Ангов, за пожарот. Тој тврди дека дојранската депонија, кога се запалила, била заклучена и оставена без чувар и поради тоа екипите на противпожарната бригада не биле во можност да влезат во депонијата и да спречат огнот да се прошири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK