Партизан се засили со Перуанецот Грималдо

zoao_234234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ФК Партизан се засили со крилниот напаѓач Жоао Грималдо (21) од Перу.


 

Грималдо ги помина медицинските тестови и потпиша четиригодишен договор со црно-белите, пренесува „Телеграф“.

Младиот Перуанец е осмото засилување на Партизан ова лето, за неговиот трансфер клубот издвои 1.400.000 евра и 15 отсто од идниот трансфер.

Грималдо стана третата најскапа инвестиција на црно-белите во овој век, по Умар Садик и Сејдуба Сума, за кои црно-белите некогаш платија 1.750.000 и 1.600.000 евра.

Новиот играч на Партизан важи за еден од најталентираните фудбалери во својата земја, тој вече три години е професионалец, а во меѓувреме стана и репрезентативец на Перу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK