Вреди: Застапеноста на Албанците не зависи од ЗНАМ, тоа прашање не е завршено

izet-medziti-vredi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ, реагира Вреди поради изменетите мерења на балансерот.



Од тука одговорија дека дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои, како што велат, мислат дека нивната антиалбанска доктрина ќе ги направи голема партија.

„Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на ВЛЕН. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност“, велат од Влен.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев претходно денес рече дека баланесрот е затворена тема и тој веќе се применува. Појасни дека во Законот за вработените во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните што живеат на територијата на Република Македонија, а тоа е резидентното население во согласност со податоците од последниот попис.

„Јас се надевам дека колегите од ‘Влен’ ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постојните закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно-политички теми“, рече министерот Минчев.

Тој нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, на што допрва ќе работат.

Балансерот од 2022 година, со одлука на тогашниот министер, Адмирим Алити, ја вклучи и дијаспората од пописот, со што се зголеми бројот на вработените Албанци во јавната администрација.

Дека балансерот бил злоупотребуван покажуваат податоците на надлежните. Така, неодамна новиот министер за политички систем, Иван Стоилковиќ обајви дека во Министерството за политички систем над 90 проценти од вработените се Албанци.

„Од вкупно 294 вработени, само петмина се Македонци во Министерството за политички систем, со кое до неодамна министеруваше Артан Груби, покажува увидот. Деведесет и девет луѓе се декларирале како Македонци, иако очигледно се од албанска националност“, изјави Стоилковиќ.

Минчев соопшти дека во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и тоа е предмет на ревизија. Рече дека имало случаи каде етнички Македонци се пишувале Албанци и каде етнички Албанци се пишувале Македонци за да бидат вработени.

Злоупотребата на балансерот своевремено ја призна и експремиерот Димитар Ковачевски кој рече дека мора да бидат воведени закони, принципи и механизми, бидејќи овој механизам – балансер, којшто е софтверско решение направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека почнал да се злоупотребува и тоа може да го потврди секој.

Европската комисија во ланскиот извештај нотира дека „балансерот“ кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите. Причината што се наведува е дека формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата.

„Паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност“, сметаат од Европската комисија.

Голем број експерти во изминатите години предупредуваа на опасноста од балансерот, образложувајќи дека квалитетот и знањето, а не етничките вработувања треба да биде предуслов за вработувањето за да имаме функционални институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK