Пожар зафати три куќи во Дојран.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени.
„Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема евакуација“, вели Ангелов.
Според информациите, пожарот првично зафатил депонија, по што се проширил кон Карабалија.
Заменик-генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, го повика на одговорност градоначалникот на Дојран за пожарот. Тој тврди дека дојранската депонија кога се запалила била заклучена и оставена без чувар, и поради тоа екипите на противпожарната бригада не биле во можност да влезат во депонијата и да спречат огнот да се прошири.
Ангелов соопшти дека и на Пониква има два тешки шумски пожари.