Францускиот пејач Филип Катерин предизвика најмногу контроверзии со својот настап на отворањето на Олимписките игри, а сега за прв пат проговори и го коментираше целиот настап.
Уметникот кој рече дека бил преправен во Дионис, богот на виното и беше целосно син со круна од цвеќиња и грозје на главата. Неговиот изглед, но и неговите колеги кои учествуваа во истиот сегмент, некои го протолкуваа како рекреирање на Тајната вечера.
„Имав време да го погледнам, (…) Имав време да се видам себеси. Го сметав за многу, многу лудо. Слободно и свежо, пред се”, изјави пејачот.
Во интервју за француската BFMTV, тој рече дека нема проблем со тоа што неговиот изглед предизвикал толку многу контроверзии:
„Да немаше контроверзи, немаше да биде забавно. Кога би се согласиле сите и би имале исто мислење, колку досадно би било на оваа Земја, тоа е уште еден фашизам“, рече пејачот.
Тој потсети дека додека ја пишувал песната што ја извел, „размислувал за потеклото на Олимписките игри каде што спортистите биле целосно голи кога се натпреварувале“.
Филип Катерин, исто така, потсети дека оваа древна голотија главно имала за цел да покаже дека човекот не носел оружје на себе, што одговара на неговиот сопствен „пацифистички“ пристап.
Без разлика на објаснувањата, факт е дека неговиот настап привлече најголемо внимание, но предизвика и гнев кај Католичката црква и десничарските политичари.