Нов затвор во Идризово ќе градат Николоски и Пандов

nikoloski_pandov_2423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.



Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална.

Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа.

Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците.

Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите.

Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK