(Видео) По два часа се чека на Богородица за влез во земјата, МВР уверува дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети

98.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На речиси педесет степени огромни колони возила на Богородица чекаат за влез во земјата. Метежот е на нашата граница.



„Грчката страна се минува за кусо време, но нашата граница не можеме ни да ја видиме. Веќе изминува втор час како чекаме за влез кај нас и што сѐ не видовме. Се пропуштаат возила, трчаат цариници и полицајци им креваат рампи, а ние другите сме принудени да чекаме на пеколот. Колоната буквално како да не мрда, само нови и нови автомобили се редат. Целиот меѓуграничен простор е блокиран“, се пожалија скопјани заглавени на меѓуграничниот простор.

Од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“  велат дека застој нема, а чекањето е поради зголемениот број на домашни и странски туристи.

„На граничниот премин Богородица отворени се пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Во моментот зголемен е бројот на домашни и странски туристи на ГП Богородица. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира, со спроведување на задолжителните гранични проверки“, велат од МВР.

Метеж има и за излез од земјата на граничниот премин Богородица, но колоните возила се неспоредливо помали од оние што чекаат да влезат во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK