Таравари за албанската академија на науки: Не етнизираме, ќе имаме повеќе институции, рангирањето на нашите универзитети за жал е за никаде  

taravari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако македонските партнери во владината коалиција сметаат дека е доволна Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), министерот за здравство Арбен Таравари, албанскиот партнер во владината коалиција, уверува дека нема несогласување меѓу коалиционерите откако ВРЕДИ поведе иницијатива за формирање албанска академија на науки и уметности. Таравари смета дека идеите што се за наука и за уметност секогаш се добри и уверува дека не ја етнизираат науката со иницијатива за албанска академија на науки и уметности.



„Ние имаме повеќе универзитети, не ја етнизираме науката туку ќе имаме повеќе институции кои се занимаваат со наука и со уметност. Да ги развиеме и овие институции што повеќе, да ги поддржуваме затоа што секоја година кога излегуваат резултатите од тоа како се рангирани нашите универзитети, за жал, сме за никаде. Да дадеме максимум сите од себе што повеќе науката и уметноста на сите етнички заедници што живеат во Македонија, да се развива што поубаво и подобро“, рече Таравари денес одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на бесплатни тестови за хепатит Б, Ц и ХИВ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Ја почнале иницијативата засега во четири општини, но Таравари очекува да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите кои живеат во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK