Според првичните информации, 100 лица се повредени во железничката несреќа што се случи денеска во близина на Волгоград, во Русија, кога воз се судрил со камион и излетал од шините, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм канал 112.
Агенцијата ТАСС наведува дека се превртеле осум вагони.
#BREAKING : A passenger train derailment in Russia’s southern Volgograd region has potentially injured up to 100 people.
Eight train cars went off the tracks.
Emergency crews are currently at the scene to manage the situation.#Russia #TrainDerailment #Volgogradregion… pic.twitter.com/56B2BtgkRL
— upuknews (@upuknews1) July 29, 2024
И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.
Интерфакс пренесува дека во возот имало и до 1.000 патници.