(Видео) Пукна брана во Русија, вонредна состојба – има мртви, повредени и исчезнати

brana-rusija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку едно лице загина утринава кога привремена брана пукна на Беломорско-балтичкиот канал во Карелија во северозападна Русија, соопшти регионалниот јавен комитет за активност и безбедност на населението, повикувајќи се на прелиминарни информации.


Уништени се 13 куќи, едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица, меѓу кои и три деца се спасени“, се наведува во соопштението.

Четири лица се водат за исчезнати. На почетокот се пишуваше за шест исчезнати лица, но двајца се пронајдени. Службите за итни случаи на терен обезбедуваат помош за ранливото население.

Инаку, привремената брана е поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор ваков инцидент во Русија во последните неколку дена.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK