Милан го договорил трансферот на Павловиќ

3-91552.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трансфер-инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека Милан ги завршил преговорите со Страхиња Павловиќ, стоперот на српската репрезентација и Салцбург. Според овој извор наскоро трансферот ќе биде официјализиран.


На „Сан Сиро“, од стартот го означија 23-годишниот стопер како најголема желба на овој преоден рок. Стручните лица во Милан сметаат дека Павловиќ дополнително ќе ја засили конкуренцијата во последната линија.

Милан, наводно за Србинот ќе плати над 18 милиони евра. Дефанзивецот пред две години пристигна во Салцбург за седум милиони евра од Монако, а Монако претходно го купи од Партизан за 10 милиони евра.

За преговорите пишуваше и „Газета дело Спорт“, откривајќи дека Милан на Павловиќ му понудил плата од 1.500.000 евра годишно, што е двојно повеќе од она што го заработува во Салцбург.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK