Србите без решение за Дурент – Дрим тимот убедливо ја порази Србија

12396684.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Америка убедливо ја порази Србија со 110:84 во првото коло на олимпискиот турнир во Париз.


Одличен натпревар на премиерата одиграа „Дрим-тимот“, постигнаа 17 од 29 тројки (59%) и во своите редови го имаа Кевин Дурант, кој мечот го заврши со еден промашен гол од поле.

До победата ги предводеше Дурент со 23 поени (19 во првиот дел) и два скока, двоцифрен беше Леброн Џејмс со 21 поен, седум скока и девет асистенции.

Ги следеа Џру Холидеј со 15 и Девин Букер со 12 поени, како и Стеф Кари и Ентони Едвардс со по 11.

За Србија се истакнаа Никола Јокиќ со 20 поени, пет скока и осум асистенции, двоцифрени беа и Богдан Богдановиќ со 14 поени и шест скока, Огњен Добриќ со 13, Василије Мициќ со 11 и Алекса Аврамовиќ со 10 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK