Ракометарите на Шпанија ја победија Словенија на стартот на Олимписките игри со 25:22 (8:11).
Словенците одиграа лошо, особено во нападот во последните 20 минути поради што го загубија натпреварот. Словенците 40 минути го контролираа натпреварот, имаа предност од тригола по првиот дел, таа разлика ја пдржуваа до 40.минута кога Шпанците, предводени од голманот Де Варгас направија серија 8:2 и од 11:14, дојдоа до предност 19:16.
Де Варгас со 15 одбрани беше најдобриот во редовите на Шанија, каде стрелците ги предводеа Алекс Гомез со седум, односно Даниел Душебаев и Даниел Фернандез со по четири гола. За Словенија Бмбач постигна пет гола, Тилен Кодрин четири, Кристијан Хорзен и Миха Зарабец по три гола.
Во оваа А група се и Хрватска, Германија, Шведска и Јапонија. Во втората група се Данска, Франција, Унгарија, Норвешка, Египет и Аргентина. Во четвртфиналето ќе се пласираат четири селекции од двете групи.