Пеп Гвардиола влезе во последната година од договорот со Манчестер сити. Прашање е дали ќе остане во клубот со кој доминира во англискиот фудбал. Во претходните седум сезони шест пати беа шампиони, а минатата сезона четврти пат ја освоија титулата во Премиер лигата, што не успеал никој досега.
Најуспешната сезона на Гвардиола во клубот е 2022/2023 кога Сити ја освои тројната круна.
Гвардиола е тренер 16 години, а само во три сезони не освоил титула. Со Манчестер сити освои се, исто како и претходно со Барселона, додека со Баерн не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Гвардиола несомнено е еден од најдобрите тренер во историјата, а моментално се подготвува за својата деветта сезона со Сити.
Тој остана во англискиот клуб значително подолго отколку во Барселона (четири години) и Баерн (три години).
Бројни медиуми прогнозираа дека тој би можел да замине по завршувањето на оваа сезона кога ќе му истече договорот, а се споменуваше дури и дека тогаш може да ја преземе англиската репрезентација.
Сепак, Гвардиола повторно навести дека би можел дополнително да го продолжи мандатот во Сити, што секако не е вест што ќе ги развесели ривалските навивачи во Англија.
За време на подготовки во САД, Гвардиола рече: „Ако би прекинал со она што сакаш да го работиш? Ја сакам оваа работа исто колку што ја сакав и кога ме ангажираа. Затоа, да продолжиме понатаму“.