Нови цени на горивата од полноќ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.



Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,072%, кај дизелот 1,940%, кај екстра лесното масло за 2,096% и кај мазутот намалувањето е за 3,565%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2688%.

Од 27.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  81,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             83,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            74,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               72,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 44,656 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,101 ден/кг и сега ќе изнесува 44,656 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK