По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчии-2-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Занаетчии кои купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година, ќе можат да се пријават за субвенција во износ од најмногу 200.000 денари или 40 отсто од трошокот што ќе докажат дека го направиле. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши извести дека за субвенции на занаетчиите се одвоени 6,5 милиони денари од буџетот на Министерството за економија.


„На јавниот повик може да аплицираат активни и регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, услов е да не е отворана стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија минатите три години“,извести министерот Дурмиши.

Повикот е објавен минатата недела, а занаетчиите ќе може да се пријавуваат до први октомври. Истовремено објавен и повик за  поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори во следните области за организирање обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање форуми, организирање промотивни активности и обуки за јакнење на свеста и придобивките од легализација на занаетчискиот бизнис.

Детали за условите и документите потребни за аплицирање се објавени на веб-станицата на Министерството за економија.

Министерот Дурмиши ги повика занаетчиите од сите региони во државата да аплицираат за поддршка. Најави дека Министерството и во иднина ќе креира мерки за поддршка на занаетчиството, а останува отворено и за предлози кои е го унапредат занаетчиството во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK