АКТИВНОСТИ ОД KAMПАЊАТА „ВОЗИ ОДМОРЕН“ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ ОД Р. СРБИЈА

Akcija RSBSP_OKTA 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата неколку години реализира заеднички активности со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, под мотото „Вози одморен“.

Кампањата се реализира долж коридорот 10 на територијата на Република Северна Македонија и на Република Србија каде, во овој период од летото, е зголемен бројот на возила од двете држави, но и од странство, кои транзитно поминуваат по овој коридор.


Токму заради ваквата зголемена сообраќајна фреквенција на моторните возила се спроведуваат активности од кампањата „Вози одморен“ со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот, при што возачите се потсетуваат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не го занемаруваат заморот бидејќи е еден од најголемите предизвикувачи на сообраќајни незгоди заради високите температури и подолгите релации на кои вообичаено патуваат во летниот период.

Затоа, РСБСП реализира активности од кампањата „Вози одморен“ заедно со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, Министерствата за внатрешни работи од Република Северна Македонија и од Република Србија и Факултетот за безбедност – Скопје.

На 25 јули, на интегрираниот граничен премин Прешево-Табановце, се реализираа активности од едукативно-превентивен карактер на кој беа присутни Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на РСМ, Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи на Р. Србија, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, Бранко Стаматовиќ, в.д. директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Р. Србија, и други претставници од релевантни институции од двете држави.

Возачите кои поминуваа на ГП Прешево-Табановце беа потсетени да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се прилагодат на условите на патот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди кои се резултат на заморот често завршуваат со фатални последици. На возачите им беа поделени едукативно-превентивни материјали, вода и безалкохолни пијалоци, додека компанијата ОКТА донираше ваучери кои возачите можат да ги искористат за освежување со кафе и одмор на најблиската бензинска станица на ОКТА.

Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП упати апел: Возачите да се одморени и наспани, по можност да патуваат во утринските часови додека температурата на воздухот е пониска, да прават повеќе паузи, на секои 2 часа да одморат барем 15 минути, да консумираат повеќе вода и безалкохолни пијалоци, да возат внимателно и да се грижат за својата безбедност и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK