Во НУ Центар за култура Крива Паланка синоќа беше отворена првата самостојна изложба „Кога ќе се разбуди заспиеното“ на уметницата Верче Цветановска.
На изложбата се поставени вкупно 34 дела, со акрилни бои , во хиперреалистичен правец, кои се резултат на долгогодишната творечка работа на Цветановска преку која ја канализира енергијата од секојдневната рутина.
Изложбата е во организација на НУ Центар за култура Крива Паланка , а се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.