Маж од Свети Николе пријавил во полиција дека бил нападнат од негов сосед за паркинг простор.
Имено, денеска во 02.30 часот во СВР Скопје, А.П.(42) од Свети Николе пријавил дека околу 00.20 часот пред зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг простор, бил физички нападнат од негов сосед.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.