Мицкоски: Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд

shutterstock_1223812384-min-782x444.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој учествуваше на одбележувањето на 102- годишнината од основањето на Стопанската комора, каде одговаше на новинарско прашање за најавите за вработување на 600 млади специјализанти.



„Министерот за здравство, господинот Таравари направи еден преглед на расположливи специјализанти условно кажано, млади лекари коишто практично се приватни специјализанти и она што беше донесено како одлука е да им се понуди на истите вработување во здравствени установи каде што тие се потребни и тоа да биде понудено на оние специјализанти во погорните години трета, четврта, петта година. Цениме дека со овој пристап тој проблем којшто е акутен и каде што се потценува трудот на тие млади лекари специјализанти ќе биде надминат“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека Владата со ваквиот чекор ќе им понуди вработување на специјализантите од кои очекува да одговорат позитивно на понудата.

„Оваа година се 300 такви места и 300 се за следната година. На тој начин сите овие 600 ќе бидат практично понудени, бидејќи може да се случи некој да одбие или некој ќе рече не сум заинтересиран не сакам итн. Но, ние како Влада понудуваме да може да обезбедиме работа за овие луѓе, така што се надевам дека ќе биде позитивен одговорот“, нагласи Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK