Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата кои застареа, а граѓаните плаќаат милиони оштета

mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше истакнато откако претходно денес, лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче, побара од Владата да донесе нов кривичен законик и призна дека згрешиле кога со претходниот владин состав донесоа законик што значително ги скрати казните за злоупотреба на службената положба и придонесе застарување на делата на обвинетите корумпирани функционери.


Мицкоски во таа насока го праша Филипче што ќе се случува со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета. Рече дека станува збор за милиони евра народни пари.

„Еве нека извадат од џеб и нека продадат дел од својот имот, а Бога ми го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека вратат во буџетот. Не им успеа тоа, ете дел се спасија, дел што им беа предметите застарени тужеа и добија оштета. И сега сето тоа е завршено, не важи, жал ни е што погрешивме и потрошивме милиони на граѓаните, ќе седнеме ќе носиме некој закон, а никој жив не знае каков е тој закон. Студент од прва година Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон, кој што во времето на сторување на делото е апликативен“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече и дека во Министерството за правда нема таков закон, за којшто Филипче претходно изјави дека бил изготвен во 2017 година.

Според Филипче, СДСМ сега оди чекор натаму да ја исправи грешката и бара од Владата да усвои нов закон што веќе го имале изготвено.

„Има изготвен нов Кривичен законик во 2017 година од тогашната министерка Десковска. Тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој нов кривичен зкон е направен во координацја со меѓународните институции по теркот на кривичниот законик во Германија. Да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме нов кривичен закон“, рече претходно Филипче.

Прашан од новинарите зошто кога веќе имало нов закон од 2017, не бил донесен, туку се изгласаа нови измени со кои застаруваат делата за корумпираните фунционери, Филипче не знаеше да одговори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK