Падна првиот светски рекорд на ОИ во Париз

12388062.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свеченото отворање на Олимписките игри е закажано за утре, но во Париз веќе започнаа натпреварите на спортските терени. Од вчера старуваа натпреварите фудбал, рагби 7 ракомет и стреличарство.


Токму во дисциплината стреличарство во поединечна серија, во женска конкуренција падна првиот светски рекорд.

Репрезентативката на Јужна Кореја Сихјеон Лим го собори светскиот рекорд во поединечна конкуренција. Таа утрово имаше вкупно бидејќи утрово имаше вкупно 694 поени.

Лим за два поени го урна рекордот на сонародничката Кахејунг Канг, поставен на натпреварот во Хертонгебош во 2019 година.

Со 694 поени, Лим постави и олимписки рекорд кој го држи уште еден репрезентативка на Јужна Кореја, Сан Ан, која на претходната Олимпијада во Токио собра 680 поени.

По поединечните серии, на врвот се два репрезентативки на Јужна Кореја, споменатата Сихјеон Лим и Сухјеон Нам. На трето место е Јаолеи Јанг од Кина.

Натпреварот во стреличарство продолжува на 30 јули за кога е закажана првата елиминациска серија.

Борбата за медали во оваа дисциплина е закажана за 3 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK