НБА ги продаде правата за 77 милијарди долари

1238840092.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НБА се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ЕСПН во сопственост на Волт Дизни, Ен-би-си Универзал во сопственост на Комкаст и Амазон за 77 милијарди долари. Овој нов договор важи од сезоната 2025/2026.


Лигата ја одби и понудата на ТНТ, која е во сопственост на Ворнер Брос Дискавери, бидејќи била пониска од понудата на Амазон, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и ТНТ.

„Овој нов глобален договор за медиуми со Дизни, Ен-би-си Универзал и Амазон ќе ја зголеми достапноста на НБА натпреварите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.

Според новиот договор, Дизни ќе емитува 80 натпревари од регуларниот дел дел од сезоната, Ен-би-си Универзал 100 натпревари и Амазон 75 натпревари.

Ексклузивен сопственик на правата за пренос на финалето на плејофот останува Еј-би-си, која ги има правата од 2003 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK