Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка во струшко

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки, информира МВР.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK