Хеликоптерот на МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот кај Ново Село е изгасен, објави Министерството.
Претходно, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека попладнево избил пожар во плевна и набргу се проширил кон три куќи во Ново Село во близина на бензинска станица.
Триесетина струмички пожарникари ја гаснеа огнената стихија, а беа упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер.