Влада донесе одлука за вработувања на 600 специјализанти во болниците

518645-doktori-gradonachalnici-nudat-lek-za-petnaesetina-opshtini.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на седница усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата.


Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.

„На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството“, велат од Владата.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK