Еден од најголемите германски аеродроми ги запре сите летови откако климатските активисти се залепија на пистата.
🔥 Oil Kills! Internationale Protestkampagne gestartet!
‼️ Aktuell befinden sich Unterstützer*innen der Letzten Generation auf dem Rollfeld des Flughafens Köln/Bonn und beeinträchtigen so den Flugverkehr. Gleichzeitig wird weltweit in über 10 Ländern an Flughäfen protestiert!… pic.twitter.com/RLSsVSwMfS
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 24, 2024
Десетици летови кои заминуваа од аеродромот во Келн беа одложени или откажани. Групата „Last Generation“ соопшти дека пет луѓе останале залепени на пистата.
Групата рече дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани низ Европа и Северна Америка.
Инаку Келн-Бон е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – по Хамбург, Дизелдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт.