Ајкулите во близина на брегот на Бразил биле позитивни на кокаин

rr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ајкулите во близина на брегот на Бразил биле позитивни на кокаин, а научниците стравуваат дека тоа ќе го промени нивното однесување.


Морските биолози тестирале 13 ајкули земени од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите тие имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски Телеграф.

Откриени се концентрации на кокаин до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни.

Научниците ги опишаа своите наоди како „загрижувачки“ за морскиот екосистем.

Во написот за списанието Science of the Total Environment, тие изјавија дека дрогата во ајкулите најверојатно потекнува од одводите на илегалните лаборатории каде се произведува кокаин или од канализацијата, односно од урината и изметот на корисниците на дрога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK