Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка

fdg-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот сенатор Боб Менендез вечерва поднесе оставка, откако претходно денеска Комитетот за етика на американскиот Сенат го направи првиот чекор од прегледот што можеше да доведе до негово исфрлање од Сенатот, објави Ројтерс.

Менендез не одговори на повиците да поднесе оставка, вклучително и од гувернерот на Њу Џерси, неговата родна држава и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, откако беше осуден за 16 кривични дела, вклучително и поткуп, пред федералниот суд во Њујорк.

Менендез, кој го претставува Њу Џерси во американскиот Сенат од 2006 година, рече дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK