Работниците на Итната помош на Дарувар дошле да интервенираат околу 14 часот и 30 минути откако биле повикани од граѓанин кој бил под дејство на алкохол и рекол дека не се чувствува добро, јавува Н1 Загреб.
Мажот се јавил во итната помош и рекол дека се напил и не се чувствува добро.
Тој побарал да го однесат на лекување, а потоа одеднаш извадил нож и рекол дека ќе биде како Крешимир Пахоки, кој беше осомничен дека претходниот ден убил шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица.
Полицијата уапси едно лице, а во тек е кривична истрага.