Три лица приведени за убиство со автоматско оружје во Дебреше

Расчистени-11-кривични-дела-„тешка-кражба-и-две-кривични-дела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полициски службеници од СВР Тетово попладнево  лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.

Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31)  и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK