Во 01.57 часот во СВР Скопје, М.С.(40) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода едно лице се обидело со запалива течност да предизвика пожар на нејзиното патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки но, откако било забележано од соседите, го напуштило местото.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.