(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

SDSM-Bo-pres.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.


„Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција.

Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје.

Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист“, рече Кузеска.

Тошковски, според Кузеска, во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев имал имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни.

„Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра.

Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.

Понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК, пријавен ли е овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста?

Клучно и најважно прашање: како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?“, праша Кузеска.

Според неа, јавноста знае дека Јанушев е веќе осуден криминалец во случајнот со 5 милиони евра за кинеските автубуси за ЈСП.

Додаде дека Јанушев се криеше пет дена пред да каже за поклонот, и ова, како што рече, може да е јасен сигнал дека се обидува да прикрие нешто во овој случај.

СДСМ, дополни Кузеска, ќе продолжи да ги објавува сите информации со кои располага, се додека не започнат истраги, се додека не се дознае целата вистина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK