Драган Р.(36) бил примен во Ургентниот центар во Белград со скршеници на лицето и поради сериозноста на повредите бил ставен во вештачка кома.
Поради нанесување тешки телесни повреди, полицијата веднаш го привела Љ.Т. (19) и одредила полициски притвор.
Според „Телеграф.рс“, Љ.Т со автомобил „ауди“ излегувал од паркингот, а потоа влегол во конфликт со Драган, кој туркал количка со бебе, а до него одела неговата сопруга.
Човекот се исплашил дека младиот возач ќе ја удри неговата количка со дете, со рака удрил во задниот дел од автомобилот и му рекол на возачот да погледне каде оди.
Бесен од таквиот потег Л.Т. излегол од возилото и по кратка вербална расправа почнал да го удира Драган со тупаници. Кога мажот се онесвестил и паднал на подот, наводно продолжил да го клоца.
Ввозачот според написите згазнал на гаста и го напуштил местото на пресметката, но набрзо се вратил и се предал на полицијата.
На претепувањето на Драган Р., сведок била неговата сопруга, како и неколку случајни минувачи.
Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство, а против Љ.Т. е поднесена кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда.