Израел им нареди на Палестинците да го напуштат градот и започна жесток напад, има многу мртви

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во новите напади на израелските сили во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа загинаа десетици Палестинци, меѓу кои и жени и деца, објавија медицинските служби.


Армијата го нападна источниот дел на градот при што, според неофицијални информации, се убиени најмалку 39 Палестинци, додека 80 се повредени.

Израелската армија претходно ги повика жителите во источниот дел на градот веднаш да ја напуштат областа. Воени извори тврдат дека членовите на Хамас од таму извршуваат ракетни напади врз Израел. Армијата ќе преземе одлучни мерки против овие дејствија, а може да бидат опасни и за цивилите, објави армијата на Телеграм.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK