Јужна Кореја и’ одговори на Северна: почна да пушта поп песни и вести од звучниците на границата

zvuchnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужна Кореја почна да пушта домашна поп музика на границата преку звучници насочени кон Северна Кореја. Звучниците, исто така, емитуваа вести за севернокорејски дипломат кој побегнач и јужнокорејската пејачка која го носела факелот пред Олимпијадата во Париз.


 

Овој потег доаѓа откако Северна Кореја вчера повторно испрати балони полни со ѓубре кон Јужна Кореја. Сеул ги предупреди граѓаните да внимаваат на паѓање на предмети и остатоци и да пријават властите доколку забележат балони. Сеул го обвини Пјонгјанг за ескалација на тензиите.

„Потезите на севернокорејската војска кои ги ескалираат тензиите може да доведат до критични последици за неа. Одговорноста за оваа ситуација е целосно на севернокорејската влада“, се вели во соопштението на јужнокорејскиот здружен штаб.

Сеул се надева дека пропагандните преноси емитувани преку звучниците на границата би можеле да ги деморализираат севернокорејските војници и жителите на фронтот, нанесувајќи им удар на напорите на Пјонгјанг да го ограничи пристапот до надворешните вести за своите 26 милиони луѓе.

Вчерашното испраќање балони преку границата претставуваше деветта „офанзива со балон“ од крајот на мај. Во балоните биле користени стари хартии, парчиња ткаенина, догорчиња од цигари, потрошени батерии, па дури и ѓубриво. Северна Кореја соопшти дека првите балони биле лансирани како одговор на јужнокорејските активисти кои испратиле политички летоци на Север со нивните балони.

Во изјавата минатата недела, помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг, се закани со нови мерки. Коментарите предизвикаа загриженост дека Северна Кореја би можела да организира посериозни провокации наместо да лансира балони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK