Италијанскиот министер за одбрана го обвини генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека го предал Рим затоа што не назначил Италијанец за нов претставник на организацијата за координирање на операциите на јужните граници на Алијансата. Позицијата беше отворена претходно овој месец на барање на италијанската премиерка, Џорџа Мелони, а нејзината влада тогаш рече дека верува оти треба да и биде доделена на Италија.
НАТО сè уште не објави кој ќе биде именуван, но италијанскиот министер за одбрана, Гидо Крозето, на крајот на минатата недела за весникот „Ла Стампа“ изјави дека Столтенберг го номинирал Шпанецот, додавајќи дека таа одлука ја смета за „речиси лична навреда“.
На прашањето за критиките на Кросет, прес-службата на Организацијата на Северноатлантскиот договор одговори дека „НАТО ќе го објави секое назначување навремено и одби дополнително да ги коментира изјавите на министерот.
„Ме налути и ќе има последици на лично ниво“, рече Крозето, што претставува многу необична акција на членка на НАТО против нејзиниот лидер. „Тој го предаде принципот. Италија беше таа која се бореше да ја создаде улогата на пратеник на јужното крило“, рече Крозето, додавајќи дека Столтенберг не се согласува со одлуката за создавање нова улога и затоа ја казни Италија.
Минатиот месец НАТО го избра поранешниот холандски премиер Марк Руте да го замени норвешкиот Столтенберг, кој по 10 години се повлекува од функцијата шеф на организацијата, од 1 октомври.