Дарио Николовски досегашниот директор на Агенцијата за енерветика формално ги предаде надлежностите на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.
Со овој чин, Агенцијата и нејзиниот управен одбор престанува со работа, односно се укинува, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното министерство.
Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.