Државјанин на Хрватска бил пронајден мртов во хотелската соба во Гази Баба.
„На 21 јули во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот“, објави МВР во дневниот билтен.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција.