Прилепчанец нападнат во својот дом од повеќе лиџа, демолирани и автомобилите во дворот

Грабнат-татко-и-избоден-син-во-Берово-поради-долгови-двајца.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесетгодишниот Ј.М. од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на улицата Тризла и еден час подоцна пред неговиот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети.


Исто така, неговиот син пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци.

Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, објави МВР во дневниот билтен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK