Едвард Јорданеску (46) реши да ја напушти селекторската функција на романската фудбалска репрезентација. Јорданеску имаше договор со Романскиот фудбалски сојуз до крајот на јули, но реши да не го продолжи.
„Мојата мисија е завршена“, рече Јорданеску и додаде дека сака да поминува повеќе време со семејството.
Да потсетиме, Романија неодамна го отвори Европското првенство со убедлива победа над Украина (3:0), потоа загуби од Белгија (0:2) и ремизираше со Словачка (1:1).
Изненадувачки како првопласирана селекција со најдобра гол-разлика, бидејќи сите репрезентации имаа по четири бода, се пласираа во осминафиналето каде што беа елиминирани од Холандија (0:3).
Јорданеску ја водеше Романија од почетокот на 2022 година и на 28 натпревари оствари учинок од десет победи, десет нерешени и осум порази.
Претходно во својата тренерска кариера ги тренираше Стеауа, Васлуи, Фортуна Браца, Тарга Муреш, Пандурија, ЦСКА Софија, Астра, Клуж, Газ Метан и ФЦСБ.