Потпретседателката на САД Камала Херс собра 49,6 милиони долари за нејзината претседателска кампања за помалку од 24 часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа како претседателски кандидат, изјави портпаролот на кампањата на Бајден.
„Откако претседателот вчера попладне ја поддржа потпретседателката Харис, Американците дадоа донации од 49,6 милиони долари за нејзината кампања“, рече портпаролот, според Ројтерс.
Ројтерс претходно објави дека името на кампањата за реизбор на претседателот Џозеф Бајден на платформата X е променето од Бајден во Камала, што е уште еден знак дека тимот на демократската кампања продолжува да работи со Камала Харис како кандидат на партијата во ноемвриските претседателски избори.